Maksim Dimitrievski
ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија којашто ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп, којшто се случува, ниту пак ќе се вклучи во каков било тип на соработка, идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив.
ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна коалиција, постизборна коалиција, во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер , а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едноставно да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава.
Би ја искористил оваа прилика да упатам јасна порака до сите гласачи, поддржувачи и чесни членови на СДСМ дека СДСМ на овие избори, оваа актуелно раководство излезе со аболициони листи, кандидатски листи за пратеници, кои им овозможуват на поединци, коишто направија најголем број на грешки во последните седум години и голем број на коруптивни зделки и дејанија, за коишто ќе се водат во иднина постапки, да се самозаштитат, да се амнестираат и дополнително да обезбедат самите за себе си имунитет.
Вистинските, АСНОМ-ски мотивирани социјалдемократи, од ден на ден се повеќе и повеќе се во ЗНАМ, бидејќи таа е партијата којашто ги штити и Крушевските постулати, но пред се АСНОМ-ските.
Верувам дека можеби ќе дојде и момент во иднина, кога се носат стратешки одлуки за државата, реално да се спојат традиционално комитите и партизаните и да ја дефинираат понатаму судбината на Македонија како ќе се движи, а при тоа да не дозволиме никогаш да не бидеме уценувани од никој.
Во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ разговараме на сите актуелни теми 👇